Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски е меѓу пет кандидати во изборот за најдобар фудбалер во првенството на Хрватска.
На две кола пред крајот на шампионатот од ХНЛ ги објавија номинациите за најдобар играч на сезоната.
Во изборот меѓу петте најдобри изненадувачки нема ниту еден фудбалер од актуелниот шампион Динамо Загреб, а главен фаворит за престижната награда е напаѓачот на Хајдук, Марко Ливаја, кој сезонава досега има 18 погодоци и 9 асистенции.
Димитар Митровски, пак, е најдобар стрелец во својот тим и најдобар фудбалер сезонава со седум погодоци и една асистенција. Покрај Ливаја и Митровски, ТОП 5 кандидати се уште и Тони Фрук од Ријека, Ален Гргиќ од Славен Белупо и Роберт Мудражија од Локомотива.
На две кола до крајот на првенство во Хрватска борбата за титулата се уште е отворена. Ријека води со 62 бодa, еден повеќе од Динамо Загреб, а Хајдук е трет со 57 бодa.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА