Димитриевски и Рајо Ваљекано убедливо поразени од Осасуна (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано го доживеа и десеттиот пораз сезонава во шпанската Ла Лига. Тимот на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски запиша убедлив пораз во 24. коло на домашен терен од Осасуна со 0-3.

Победникот на дуелот беше решен уште во првото полувреме кога Монкајола и Гарсија совладувајќи го Димитриевски донесоа предност од 0-2 за гостите.

Со гол во последните секунди Осасуна дојде до конечни 0-3.

Се вчитува...