Димитриевски на клупа, Рајо загуби од Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Рајо Валјекано на домашен терен е поразен од Атлетик Билбао со 0-1, во натпревар во кој Димитриевски се врати во тимот, но не и на голот.

Нашиот голман го гледаше натпреварот од клупата, во кој Серано во 30. минута беше човек на одлука и ги донесе бодовите за Билбао. Димитриевски се врати од повредата, а доколку не направи трансфер, се очекува многу брзо и да се врати на голот на Рајо.

Во вториот меч, Реал Сосиедад одигра без голови на домашен терен со Гетафе.

Се вчитува...