Димитриевски одличен, „седумка“ во АСОБАЛ за старт на 2019

Дарко Димитриевски имаше одличен почеток на 2019 година откако го предводеше својот тим Синфин до победа над Теукра во рамките од АСОБАЛ-лигата.

Синфин триумфираше со 32-27, а најзаслужен за оваа победа беше токму македонскиот бек, кој постигна седум погодоци. Димитриевски одигра и многу значајна улога во играта во одбрана, се повеќе наметнувајќи се како лидер на овој шпански прволигаш.

Екипата на Синфин со оваа победа се искачи на седмото место на табелата во АСОБАЛ.

Се вчитува...