Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски конечно го имаше своето деби за новиот клуб, шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано. Тој доби шанса да брани на мечот од Купот на Шпанија на гости против Леганес кој заврши 2-2.
Димитриевски прими два погодоци, но вели дека е среќен што дебитираше за својот нов клуб верувајќи дека во иднина ќе го најде своето вистинскиот место во клубот…
„Среќен сум што дебитирав во дресот на Рајо Ваљекано. Имаме резултат кој ни овозможува пласман во следната рунда натпревари од Купот, но секако се ќе биде одлучено на реваншот на домашен терен кој го очекуваме со предност. Работам максимално на секој тренинг воден од желбата да го убедам тренерот дека може да добијам стандардно место во првиот тим“ – истакна Димитриевски по синиќешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА