Димитриевски за награда доби нов договор со Синфин

Македонскиот ракометен интернационалец Дарко Димитриевски ќе го продолжи својот престој во Шпанија откако денеска потпиша нов договор со екипата на Синфин.

Димитриевски лани потпиша едногодишен договор со Синфин, но не требаше многу време да се наметне како лидер на овој шпански прволигаш. Македонецот беше клучен играч во одбранбената зона, во последно време се наметне и како сериозна опција во нападот, па досега има постигнато 51 гол во АСОБАЛ-лигата, со што е петти стрелец на својот тим.

Откако беше обезбеден опстанок во елитното друштво, денеска и официјално беше ставен потпис на новиот договор со Димитриевски.

Задоволен сум што останувам во Синфин и се надевам дека и во следната сезона ќе се радуваме на многу победи и прекрасни моменти. Од моја страна сигурно ќе сторам се за да придонесам во носи успеси на клубот“ – изјави Димитриевски по потписот на договорот.

Се вчитува...