Димитријевиќ двоцифрен во пресврт-победата на Валенсија

Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија им се вратија на победите во шпанското првенство откако во 13. коло славеа на домашен терен против Обрадорио со 91-71. Валенсија која имаше негатива од 32-38 на полувремето успеа да ги надмине проблемите и со сигурна игра во третата четвртина да стигне до предност која беше дополнета во последните десет минути за убедлив триумф.

Македонскиот интернационалец натпреварот го заврши со 10 поени и реализација 4/7 за два и 2/2 за еден поен. Згора на тоа бекот додаде и три асистенции и два скока за помалку од 17 минути поминати во игра.

Се вчитува...