Димитријевиќ го разигра Уникс, за нова победа во ВТБ

Уникс Казањ продолжува да реди победи во регионалната ВТБ-лига, под водство на одличниот Ненад Димитријевиќ. Македонскиот репрезентативец одигра значајна улога и при денешната победа на гостувањето против МБА со 81-97.

Уникс отпорот на домашниот тим со скрши со серијата од 13 поени на стартот од втората четвртина, кога Димитријевиќ и соиграчите стигнаа до двоцифрена позитива што ја одржуваа до самиот крај.

Димитријевиќ почна одлично, со четири поени и две асистенции на самиот старт, но потоа влезе во проблеми со прекршоци и го преседе на клупата поголемиот дел од првото полувреме. Сепак, македонскиот плејмејкер беше импресивен во вториот дел, стигнувајќи до вкупно осум поени и импресивни 12 асистенции, за нова победа и задржување на стопроцентниот ефект во ВТБ-лигата.

Се вчитува...