Димитријевиќ и Вајли на топ-листата во Шпанија (видео)

Двајцата македонски репрезентативци Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли се најдоа на Топ-листата од седум најдобри потези што традиционално се избираат за секое коло од Ендеса-лигата.

Димитријевиќ одигра извонреден офанзивен меч против Уникаха постигнувајќи 27 поени, но одличниот плејмејкер го освои седмото место на топ-листата благодарение на фантастичната блокада на почетокот од последната четвртина.

Вајли пак се најде на третото место од ова рангирање, со аатрактивното забивање преку Гаруба на дербито меѓу Сарагоса и Реал Мадрид.

Се вчитува...