Димитријевиќ и Валенсија ја решија и Виртус Болоња

Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија стигнаа до победа на домашен терен над Виртус Болоња од … во натпревар од 13. коло во кошаркарската Евролига. Домаќините одлично го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од плус седум 24-17.

Гостинскиот тим заигра далеку подобро во вториот и третиот период и по 30 минути игра имаше предност од 52-63. Сепак, со одлична игра особено во фазата на одбрана шпанскиот тим успеа да стигне до целосен пресврт во последната четвртина и да дојде до конечен триумф од …

Нашиот интернационалец натпреварот го заврши со осум поени и пет асистенции. Најпрецизен во победничкиот табор беше Клемен Препелиќ со 19 поени, додека кај поразените Вимс заврши со 15.

 

 

Се вчитува...