Димитријевиќ и Валенсија лесно до полуфинале во Еврокупот

Ненад Димитријевиќ и Валенсија се пласираа во полуфиналето на кошаркарскиот Еврокуп, откако вечерва на домашен терен славеа над екипата на француска Левалоа со 98-85. Домаќините уште од стартот тргнаа фуриозно постигнувајќи 32 поени во првата четвртина, а по 20 минути игра имаа двоцифрена предност (56-46).

До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 98-85. Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со четири поени, еден скок и три асистенции, а една од нив беше и потегот на вечерта кога ги збудале кошаркарите на францускиот тим.  Во полуфиналето Валенсија ќе игра со италијанската Виртус Болоња.

Бурсаспор каде помошник тренер е нашиот Мирко Петрески, по елиминацијата на Партизан направи ново чудо совладувајќи ја Цедевита Олимпија на гостински терен со 83-85. Бурсаспор во полуфиналето ќе игра против Андора.

Се вчитува...