Димитријевиќ и Валенсија останаа без тренер

Македонскиот кошпаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ остана без тренер, откако Жоан Пењароја ја напушти тренерската позиција во Валенсија.

Иако имаше две годишен договор тој си заминува од клупата на Валенсија по само една сезона, откако не успеа да ги исполни очекувањата на раководството на шпанскиот прволигаш.

Валенсија го заврши својот настап уште во четвртфиналето од домашниот шампионат и Купот на кралот, а во полуфиналето во Еврокупот беше елиминирана од италијанската Виртус Болоња која на крајот стигна и до трофејот.

Како најсериозен кандидат за наследник на Пењароја се спомнува актуелниот тренер на Манреса, Педро Мартинес кој веќе ја водеше Валенсија од 2015 до 2017 година.

Се вчитува...