Димитријевиќ лидер, Уникс перфектен

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ продолжуваат перфектно во новата сезона во ВТБ лигата. По триумфите над Зенит и Енисеј, во третото коло беше совладан и Нижни Новгород на гостински терен со 57-75.

Клучна за натпреварот беше втората четвртина која му припадна на Уникс Казањ со 6-21, а предноста од 17 поени на полувремето (22-39) умешно беше задржана во вторите 20. минути.

Димитријевиќ одигра нов одличен натпревар во кој беше предводник на својот тим со 19 поени (7/14 за два, 0/1 за три и 5/5 за еден поен) на кои додаде и три асистенции и два скока.

Во следното коло Уникс Казањ на домашен терен ја пречекува Астана.

Се вчитува...