Димитријевиќ маестрален – 11 асистенции на стартот на Еврокупот

Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните партии во Еврокупот, од ланската сезона во дресот на Хувентуд и на почетокот од новата, овојпат како член на Валенсија.

Македонскиот репрезентативец беше во елемент и го разигра својот тим со 11 асистенции, предводејќи ја Валенсија до рутинска победа над грчкиот прволигаш Промитеас од 92-82. Грците солидно парираа во голем дел од мечот, но Валенсија во последната четвртина го скрши нивниот отпор и стигна до двоцифрена предност.

Димитријевиќ покрај единаесетте асистенции имаше и девет постигнати поени, а најефикасен во таборот на Валенсија беше Лабери со 23 поени.

Се вчитува...