Димитријевиќ повторно двоцифен – нова победа на Валенсија

Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија стигнаа до четвртата победа во низа во Ендеса лигата откако на гостински терен славеа против Тенерифе со 78-80, благодарение на серија до 4-0 во самата завршница.

Македонскиот интернационалец на теренот помина 24 минути за кои постигна 10 поени со реализација 5/7 за два поени на кои додаде и четири асистенции и еден скок.

Со овој триумф Валенсија остана на четвртата позиција на табелата заедно со поранешниот клуб на македонскиот репрезентативец Хувентуд.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...