Димитријевиќ се врати на терените со пет поени, Валенсија поразена од Олимпија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ по речиси два месеци, и постигна пет поеби за својот тим вечерва во дуелот со словенечкиот тим Цедевита Олимпија во Евро-купот.

Димитријевиќ мина на теренот 11 минути и 43 секунди, а покрај петте поени, имаше еден скок и една асистенција. Три коша даде од слободни фрлања и еден од шут за два.

Неговиот тим на крајот го загуби натпреварот со 85-97. Не само што држеше егал во првиот дел, туку Валенсија имаше предност од поен разлика. Меѓутоа клучни беа последните две четвртини. Најпрво третата ја добија гостите со 20:27, а последната Валенсија не можеше да се врати, односно ја добија Словенците со 21-27, и така издвојуваа победа.

Се вчитува...