Димитријевиќ: Уште како дете навивам за Партизан – Го запознав Обрадовиќ и ми се исполни сонот

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ вчера одигра фантастичен меч и со 30 поени помогна Уникс Казан да слави триумф над Партизан.

Македонецот блесна и беше најдобар на теренот. По мечот тој за „Моцарт Спорт“ откри дека уште како дете бил голем фан на „црно-белите“ од Белград.

„Од мали нозе сум за Партизан, нема да кријам. Мојот дедо навиваше за Партизан, како и мојот татко. Ова беше специјален меч за мене. Откако го запознав Жељко Обрадовиќ ми се исполни сонот. Има разлика во лигите во Шпанија и Русија. Но, јас сум фокусиран на напредокот, личниот и секако. Очекувам да бидам лидер во тимот, сакам да покажам дека можам да помогнам на теренот“, изјави нашиот репрезентативец.

Димитријевиќ во своите 24 години досега настапуваше за екипите на Хувентуд Бадалона и Валенсија, пред да одлучи да направи трансфер во Русија.

Се вчитува...