Димитријевиќ во друштво на бразилска фудбалска ѕвезда (ФОТО)

Ненад Димитријевиќ му помогна на Хувентуд да обезбеди пласман во плејофот од шпанскиот шампионат, каде во четвртфиналето го очекуваат пресметки со Барселона.

Македонскиот репрезентативец во текот на вчерашниот ден имаше кратка средба со бразилскиот фудбалски ас, Давид Луиз, кој се наоѓа на одмор во Барселона по завршувањето на премиерлигашката сезона.

Луиз летово ќе го напушти Арсенал откако „топчиите“ не му понудија нов договор.

Се вчитува...