Димитријевиќ во тимот на колото во ВТБ лигата

Ненад Димитријевиќ се најде во тимот на воведното прво коло од руската ВТБ лига. Македонскиот репрезентативец одигра одличен натпревар за својот Уникс Казањ во победата над Зенит Санкт Петерсбург од 79-82.

Македонецот натпреварот го заврши со 17 поени и девет асистенции со што беше најдобар кошаркар во својот тим, продолжувајќи го добриот настап за новиот клуб откако го предводеше и до бронзениот медал со 30 поени во натпреварот против белградски Партизан.

Покрај него тука се и Џермејн Лав, Алексндр Платунов, Евгениј Валиев и Дејан Давидовац од ЦСКА Москва која ја предводи Емил Рајковиќ.

 

 

Се вчитува...