Димитриоски: Покрај сите проблеми Металург одигра добар натпревар

Ракометарите на Металург го забелажаа и шестиот пораз сезонава во Лигата на Европа откако на домашен терен беа поразени од Чеховски Медведи со 32-37. Тренерот на Металурзите Оливер Димитриоски вели дека и покрај сите проблеми неговиот тим одиграл добар натпревар.

„Одигравме во напад поквалитетен натпревар од првиот меч. Во одбрана бевме лоши. Се гледа дека ни недостигаат сите ракометари за да можеме квалитетено да одговориме. Хорват вчера излезе од карантин и поради тоа не беше дел од тимот за денешниот меч. Не сакав да ризикувам бидејќи ќе ни биде потребен за првенствените натпревари“, изјави Димитриоски. 

Голманот на „металурзите“ Даниел Ѓорѓески се сложува со неговиот тренер, велејќи дека малата ротација е клучна за слабата игра во одбраната.

„И покрај сите проблеми што ги имавме одигравме добар натпревар. Потфрливме во одбраната, но ни недостигаат ракометари и тоа беше клучно“, изјави Ѓорѓески.

Се вчитува...