Димитров со триумф над Гофан во полуфиналето во Лондон

Бугарскиот тенисер Григор Димитров со триумфот над Давид Гофан со 2-0 во сетови, го обезбеди првото место во групата „Пит Сампрас“ и се пласира во полуфиналето на завршниот турнир на осуммината најдобри тенисери што се одржува во Лондон. Димитров беше надмоќен во овој меч, и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да ја загрози неговата победа.

Првиот сет го доби со максимални 6-0 во гемови, а во вториот исто така беше убедлив препуштајќи му само два гема на белгискиот тенисер.

В петок, Димитров ќе игра против Пабло Карено-Буста, кој влезе како замена на местото на повредениот Рафаел Надал, додека Гофан ќе се бори за второто место во групата против Доминик Тием.

Се вчитува...