Дин Аломеровиќ кај Илиев во романски Арад

Левиот бек на Работнички, Дин Аломеровиќ својата кариера ја продолжува во романски Арад. Денеска овој тим постигна договор со Аломеровиќ на соработка на една година, со можност да биде продолжен на уште една. Доаѓа како слободен агент, со оглед дека му истече договорот со Работнички.

27-годишниот Аломеровиќ лани одигра 30 меча за „романтичарите“, и запиша девет асистенции и еден гол. Аломеровиќ во минатото беше дел и од Вардар, Еуромилк, Македонија ЃП, а има и интернационална кариера играјќи за Б тимот на Селта, потоа во Саламанка, Нусија и Линенсе од Шпанија.

Аломеровиќ има настапи и за сите младински селекции на Македонија. Во Арад игра и македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев, кој неодамна потпиша нов двегодишен договор со овој тим.

Се вчитува...