Динамо Киев ги „растури“ младинците на Шкендија во ЛШ

Младинскиот тим на Шкендија доживеа убедлив пораз (8-0) од украинскиот Динамо Киев во првиот меч од квалификациите во Лигата на шампионите (У19). Младинците на македонскиот шампион не можеа да парираат на посилниот противник.

Динамо Киев поведе уште во втората минута од пенал преку Ванат, а до крајот на првиот дел погодија и Надолскиј двапати и Волошин. Во вториот дел уште четири гола во мрежата на Шкендија. Повторно во листата на стрелците се запиша Ванат, погоди и Шулианскиј, хет – трик – комплетираше Волошин, а серијата ја затвори Исајенко од пенал.

Реваншот ќе се игра во Македонија за три седмици, на 23.октомври.

Се вчитува...