Динамо Киев со остра порака до Фенербахче: Крв на вашите раце (фото)

Раководството на Динамо Киев упати жестока порака до Фенербахче по одлуката на турскиот гигант подотовките за новата сезона да ги мине во Русија, каде во Санкт Петербург ќе учествува на турнирот чиј дел се уште и Зенит, Нефчи и Црвена Звезда.

Ривалството меѓу Динамо и Фенербахче доби политичка димензија откако турските фанови на ланскиот меч од европските купови извикуваа „Русија“ и носеа маски со ликот на Владимир Путин, по што украинскиот тим денеска се јави со објава на официјалната страница со логото на Фенербахче и наслов „Крвта е на вашите раце“.

„Кога навивачите во Истанбул извикуваа име на земја убиец и на натпреварите со Динамо дојдоа со маски со ликот на најголемиот европски садист, вашиот клуб молчеше. Сега е јасно зошто тоа било така“, се вели во пораката на Динамо Киев.

Се вчитува...