Динамо владее во Хрватска – Адеми и соиграчите го освоија „Пољуд“

Динамо Загреб потврди дека е неприкосновен во хрватското првенство откако во четвртото коло ја забележа и четвртата победа, овојпат на „жешкиот терен“ на „Пољуд“ во Сплит против вечниот ривал Хајдук со 1-2.

Фудбалерите на Динамо прикажаа одлична игра, ги искористија шансите што им се укажаа и на крајот заслужено се радуваа на победата. Аријан Адеми како капитен повторно имаше значајна улога во триумфот на „модрите“, кои остануваат осамени на чело на прволигашката табела. Кастрати го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а на самиот почеток од вториот дел Оршиќ зголеми на 0-2, решавајќи ги сите дилеми околу победникот.

Конечниот триумф можеше да биде и уште поубедлив, но голманот Посавец го спаси Хајдук од тежок пораз на ова дерби. Домаќините пред крајот успеаја дури и да го ублажат поразот преку Јуриќ по еден корнер во 87. минута, но тоа беше недоволно за да се стигне до бод во пресметката со актуелниот шампион.

Се вчитува...