Динамо Загреб си најде нова „златна кокошка“

Динамо Загреб наплати богатство од продажбата на Дани Олмо во Лајпциг (почетни 18 милиони евра), а хрватскиот првак веќе го осигура потписот на нов светски талент од кого се очекува да тргне по стапките на Олмо.

Аргентинецот Матијас Годој е нов член на „модрите“ од Загреб, станува збор за играч кој беше репрезентативец во У15 и У17 селекциите на „гаучосите“, а од неколкуте понуди од Европа и од САД ја избра токму онаа на Динамо.

„Пресреќен сум што доаѓам во Динамо, овој клуб беше моја прва опција од првиот момент кога стапивме во контакт и навивав на крајот да се заврши на ваков начин. Знам дека станува збор за клуб со фантастичен пристап кон младите фудбалери, трасирајќи кон нивниот пат кон сениорскиот фудбал. Верувам дека ќе ја оправдам довербата и ќе минам многу прекрасни моменти во Динамо“, изјави Годој, кој настапува на позицијата десен крилен напаѓач.

Хрватскиот првак плати 300.000 евра за негова позајмица до крајот на сезонава, а во јули ќе доплати уште 1,5 милиони евра за целосно откупување на договорот на Годој. Младиот Аргентинец најпрвин ќе настапува во вториот тим на Динамо, добивајќи можност да се адаптира во новата средина пред да биде прекомандуван во првата екипа.

Се вчитува...