Дино Раџа во „Куќата на славните“, нема место за Владе Дивац

Легендата на хрватската кошарка, Дино Раџа е меѓу 13 одбрани кои добија место оваа година во „Куќата на славните“ во Спринфилд.

Меѓу оние, за разлика од Раџа, кои останаа „под цртата“ на местата кои носат меѓу славните останаа Владе Дивац и легендарниот југословенсвки тренер Ранко Жеравица, од поранешните ју-простори, но и славниот НБА тренер Руди Томљановиќ како и ѕвездата на Сакраменто, Крис Вебер.

Во „класата 2018“ се избрани Реј Ален, Морис Чикс, Лефти Дризел, Грент Хил, Џејсон Кид, Стив Неш, Чарли Скот, Кејти Смит, Тина Томпсон, Род Торн, Ора Вашингтон и Рик Велтс.

Церемонијата на приемот на новите членови во „Куќата на славните“ ќе биде одржана на почетокот на септември.

Се вчитува...