Директорите на Барселона одлетаа кај Чави во Доха

Делегацијата на Барселона денеска отпатува за Доха, со цел да се обиде да ги договори условите со Чави, околу неговото доаѓање на каталонската клупа. Легендата на Барса е првиот кандидат за наследник на Роналд Куман.

Директорите на Барселона, Рафа Јосте и Матеу Алемани се качија на авион и отпатуваа за Катар, со цел да разговараат со Чави, но и со раководството на неговиот клуб Ал Сад. Каталонскиот претседател Жоан Лапорта нема да присуствува на разговорите.

Според „Марка“, тоа би можело да биде чекор назад во преговорите, бидејќи претседателот на Ал Сад, шеикот Ал Тани, сакал лично да разговара за се со Лапорта. Чави и раководството на Барселона се оптимисти за постигнување договор. Сепак, катарскиот клуб не сака така лесно да се раздели со својот тренер кој има важечки договор. Во секој случај, катарскиот клуб ќе бара отштета за предвременото раскинување на договорот на Чави, вредна еден милион евра по сезона.

Се вчитува...