Директорот на Динамо самиот се именуваше за тренер

Зоран Мамиќ ќе го предводи Динамо Загреб до крајот на оваа сезона откако директорот на хрватскиот шампион се именуваше самиот себе за наследник на Јовичевиќ на клупата на „модрите“. Веднаш по врачениот отказ на Јовичевиќ беа спомнати неколку тренерски имиња, едно од нив беше и Македонецот Гоце Седлоски, но Мамиќ реши наместо да донесе нов стратег, тој самиот да седне на клупата на Динамо.

Динамо Загреб ја известува јавноста дека на преостанатите три натпревари од сезоната 2019/20 првата екипа ќе ја предводи спортскиот директор Зоран Мамиќ. Ситуацијата е таква да не смееме да брзаме со одлуката и да си дозволиме погрешен чекор, бидејќи европските натпреварувања се многу блиску,  сите добро знаеме колку на Динамо и на хрватскиот фудбал му значи играњето во групите од европските купови“, се вели во клупското соопштение на Динамо Загреб.

Прв меч на Зоран Мамиќ по враќањето на клупата на „модрите“ ќе биде неделното вечно дерби против Хајдук. Тој претходно го водеше Динамо Загреб во периодот од 2013 до 2016 година, си замина откако не успеа да го внесе Динамо во групната фаза од европските купови, каде беше поразен од Австрија Виена со Ненад Бјелица на клупата.

Се вчитува...