Поранешниот спортски директор на Интер, Пјеро Аусилио, кој дури 28 години беше дел од раководството на Нераѕурите, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата каде ќе соработува со друг Италијанец, Роберто де Зерби.
Италијанските медиуми пишуваат дека Аусилио се наоѓа пред потпис со англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека договорот со Тотенхем и официјалната презентација како спортски директор на премиерлигашот треба да се случи во наредните неколку дена.
Аусилио ќе стане вториот Италијанец кој бил спортски директор на Тотенхем, по Фабио Паратичи, кој во меѓувреме се врати во Италија и ја презеде Фиорентина.
Аусилио официјално ја напушти функцијата во Интер на втори септември, а Нераѕурите на негово место го назначија Дарио Бачин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
