Дисквалификувани 11.000 натпреварувачи на маратонот во Мексико

Кон крајот на август во Мексико се одржа 40. традиционалen маратон, а по него следеше неверојатен скандал за кој говорат сите медиуми. По бројните дојави дека голем број натпреварувачи мамат, реагираа и организаторите.

Истрагата покажа дека илјадници учесници се обиделе некако да го „истрчаат“ маратонот со измама. Голем број од нив користеле транспортни средства на делови од патеката.

Годинава на маратонот учествуваа околу 30.000 луѓе, но според последните информации 11.000 од нив се обиделе да го подобрат резултатот со измама. Организаторите добивале информации преку социјалните мрежи, но и од натпреварувачи кои всушност трчале.

Пронаоѓањето на оние кои мамеле беше олеснето со фактот што контролните станици беа поставени на секои пет километри за да го регистрираат преминувањето на натпреварувачите.

Мексиканскиот спортски институт објави дека ќе спроведе целосна истрага за овој невиден масовен обид за измама. Ова не е првпат Мексиканците да дисквалификуваат голем број на натпреварувачи на маратонот.

Пред шест години, дури 6.000 од нив беа дисквалификувани за слични работи, поточно нивните резултати беа поништени, додека една година подоцна беа елиминирани 3.090 натпреварувачи.

Се вчитува...