Таткото на Ламин Јамал, Мунир Насрауи, се уште се наоѓа во болница откако синоќа беше прободен на паркинг во Барселона, но последните информации од Шпанија говорат дека тој повеќе не е во животна опаност.
Дел од медиумите објавија дека тој веќе бил пуштен на домашно лекување, но добро упатени извори тврдат дека Насрауи ја минал ноќта во болница за да не дојде до компликации по повредите. Сепак, состојбата на таткото на суперѕвездата на Барселона се оценува како стабилна и се очекува тој во следните 24 часа да ја напушти болницата во Бадалона.
Младиот Јамал бил шокиран од случката, поради што добил слободно од тренерот Флик да не се појавува на денешниот утрински тренинг на Барселона.
Полицијата објави дека веќе се уапсени три лица кои се сомничат за инцидентот, а едно се уште е во бегство, откако се појави видео од конфликт меѓу Мунир Насрауи со четири лица неколку часа пред прободувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА