Добра вест за Батшуаи, лоша за Борусија Дортмунд

Мичу Батшуаи имаше извонредни неколку месеци во дресот на Борусија Дортмунд по позајмицата од редовите на Челси, но белгискиот ас нема да може да продолжи во ист ритам по повредата заработена на големото дерби со Шалке.

„Милионерите“ загубија со 2-0, но уште поважно – останаа без својот најдобар голгетер, кој на носилки беше изнесен од теренот. Иако првите прогнози велеа дека станува збор за скршеница, денешниот ден донесе добра вест за Белгиецот, повредата не е толку сериозна, така што мундијалскиот сон на Батшуаи би можел да се реализира.

Сепак, веста е лоша за Борусија поради фактот дека во секој случај ќе следи пауза од најмалку еден месец, што практично значи дека Батшуаи повеќе нема да го носи жолто-црниот дрес на „милионерите“.

Останува да се види дали германскиот клуб ќе тргне во офанзива за летово да го откупи неговиот договор со Челси, тим во кој Батшуаи речиси сигурно нема да остане за наредната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...