Роберто Фирмино ги надмина проблемите со повредата на мускулот и ќе му помогне на Ливерпул на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. Бразилскиот напаѓач поради повреда не настапи на последниот премиерлигашки меч со Хадерсфилд, но денеска без проблеми го издржа целиот тренинг, по што се најде на списокот од патници за каталонската престолнина.
Клоп за овој натпревар ќе може да смета и на Алекс Окслејд Чембрлен, кој по пауза од 367 дена го имаше својот камбек на терените по тешката повреда на коленото, заработена на ланскиот меч од полуфиналето на ЛШ против Рома.
Англискиот репрезентативец би требало да влезе во игра во второто полувреме, а Клоп според првичните најави ќе се реши за Фабињо, Хендерсон и Вајналдум во средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА