Добра вест за Зидан: Крос патува за Дортмунд

Реал Мадрид ќе биде засилен за претстојниот меч од ЛШ во Дортмунд против Борусија, откако Тони Крос ги надмина проблемите со повредата и му се стави на располагање на Зинедин Зидан. Германскиот ас не беше дел од тимот на последниот дуел со Алавес, но откако утрово тренираше со остатокот од екипата, Крос се најде на списокот на Зидан за патници за Дортмунд.

Тој во средниот ќе настапи крај Кашемиро и Лука Модриќ, кој доби одмор против Алавес, но затоа Зизу има проблеми со останатите позиции во тимот, во одбраната ќе ги нема двајцата леви бекови Марсело и Тео Хернандез, додека во нападот повторно ќе недостига Карим Бензема.

Улогата на најистурен во нападот повторно ќе му припадне на Кристијано Роналдо, поддржан од Иско и од Бејл, додека лев бек принудно повторно ќе игра Начо.

Се вчитува...