Добри вести за Барса: Иниеста и Бускетс се вратија на тренинзите

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, и Серхио Бускетс, се вратија на тренинзите на тимот и ќе му бидат на располагање на тренерот Луис Енрике за претстојните натпревари од оваа сезона.

Иниеста ги пропушти последните четири натпревари, откако заработи повреда на левата нога на дуелот против Реал Сосиедад во Купот на Шпанија. Бускетс доби непријатен удар во скочниот зглоб на мечот со Еибар, но и неговата повреда е надмината.

Според медумите од Шпанија, Луис Енрике нема да ризикува со Иниеста за утрешниот дуелот против Атлетик Билбао, додека Бускетс би можел да помогне.

Се вчитува...