Агентот на Усман Дембеле е во Лондон каде преговара неговиот фудбалер да се пресели во редовите на Челси, пренесуваат шпанските медиуми. За услугите на францускиот репрезентативец е заинтересиран Томас Тухел кој бара поголеми опции во нападот, а играчот со кој порано соработуваше во Борусија Дортмунд е идеално решение.
Дембеле пристигна како огромно засилување за каталонскиот тим во трансфер вреден 140 милиони евра со клаузули, но повредите го спречија да ги исполни очекувањата. Сега Барселона се наоѓа во лоша ситуација бидејќи со Дембеле го надминува ограничениот буџет за плати па не може да ги потпише Алваро Мората и Талјафико кои за шест месеци заедно ќе заработат колку што заработува Французинот.
Големите примања на 24-годишникот се и единствената пречка за негова преселба на „Стемфорд Бриџ“, но со оглед на проблемите на Барселона, неговиот трансфер не би бил ни блиску до оној кој каталонците го платија во 2017 година. Како потсетување договорот на Дембеле со каталонците завршува на крајот на сезоната па очекувањата се преминот во друг клуб да вреди до 10 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА