Добри вести за навивачите на Голден стејт: Кари се враќа!

Голден стеј во првата рунда од плеј-офот со 4-1 во серијата го елиминираа Сан Антонио, а одлично почнаа и во полуфиналето на Западот славејќи во првиот меч против Њу Орлеанс.

Вориорси се без својот плејмејкер Стефан Кари кои се опоравува од повредата на лигаментите на коленото. Но, сега доаѓаат одлични вести за симпатизерите на екипата.

Тренерот на Голден стејт, Стив Кер истакна дека Кари сосема извесно ќе биде во комбинација за настап на вториот меч од полуфиналната серија против Њу Орлеанс. Кари во текот на целата сезона имаше проблеми со скочниот зглоб, а на крајот од март го повреди и коленото, па сега е надвор од стројот.

Вториот меч од полуфиналето на Западот се игра во „Оракл арената“ во среда од 04:30 часот по средноевропско време.

Се вчитува...