Добри вести за Реал Мадрид: Не е страшна повредата на Мбапе

Килијан Мбапе избегна потешка повреда, за среќа на неговиот Реал Мадрид. Тестовите извршени на напаѓачот денеска во Мадрид покажаа дека тој претрпел хиперекстензија на задната капсула на левото колено, повреда за која времето за закрепнување е 10 до 12 дена.

Така, напаѓачот би требало да биде достапен за првото „Ел Класико“ против Барселона, кое ќе се игра на 25 октомври на „Камп Ноу“, точно еден месец откако се случи повредата.

Toa значи дека Мбапе би требало да биде подготвен веднаш да му се стави на располагање на Жозе Мурињо по завршувањето на интернационалната пауза.

Се вчитува...