Договорено: Фримпонг пет години во Ливерпул за 35 милиони евра

Десниот бек Џереми Фримпонг во следните денови ќе треба да го комплетира трансферот во Ливерпул, кој ќе биде вреден 35 милиони евра. Играчот на Баер Леверкузен ќе треба да биде замената за Трент Александар-Арнолд кој заминува во Реал Мадрид.

Англискиот клуб постигна договор за трансферот на 24-годишниот холандски интернационалец, и се договори на соработка во следните пет години, односно до 2030 година. Фримпонг денеска не играше за Баер Леверкузен во последното коло во Бундеслигата, а се претпоставува дека веќе заминал за Ливерпул, каде треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише.

Оваа сезона Фримпонг одигра 33 меча, и постигна пет гола и запиша пет асистенции. Претходно од Баер Леверкузен замина и Џонатан Та, кој се пресели во Баерн Минхен.

Се вчитува...