Договорено: Мбапе ќе биде „крал“ платата во Реал ќе биде 50 милиони

Килијан Мбапе и раководстовото на Реал Мадрид и дефинитивно постигнале договор со кој Французинот летово како слободен агент ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. Соработката е веќе договорена, а се очекува во следниот период да биде ставен и потпис на договорот.

Според информациите на евопските медиуми, Мбапе годишни ќе заработува по 50 милиони евра, а се уште не е познато колкаво ќе биде траењето на договорот. За потсетување, „кралевите“ долго време се заинтересирани за услугите на Французинот, кои сакаа да го доведат и летово, но ПСЖ иако знаеше дека ќе го загуби како слободен играч не сакаше да прими понуда во минатиот трансфер рок.

 

Се вчитува...