Дојде и тој ден: Мудрик се враќа на фудбалските терени!

Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик може повторно да игра фудбал откако беше решен неговиот случај поврзан со допинг. Челси и Англиската фудбалска асоцијација во петокот преку соопштение за јавноста објавија дека случајот на Мудрик е решен.

„Направени се измени во Техничкиот документ на ВАДА и иако тие не се применуваат ретроактивно, значат дека доколку примерокот на г-дин Мудрик беше земен денес, утврдената концентрација на мелдониум немаше да биде пријавена и немаше да се констатира прекршување на антидопинг правилата“, се наведува во соопштението на Асоцијацијата.

Од Челси истакнаа дека ова бил многу тежок период за украинскиот фудбалер и дека се среќни што тој сега може да се врати на фудбалот.

Мудрик пристигна во Челси во јануари 2023 година од Шахтјор . Украинецот за малку ќе потпишеше за Арсенал, но на крајот се одлучи за „синиот“ дел на Лондон, со кој потпиша договор до 2031 година.

Украинецот не успеа да се наметне, а својот последен натпревар го одигра во ноември 2024 година. За среќа по него и по Челси, тој е се уште млад и има само 25 години.

Се вчитува...