Дојде на позајмица, денеска потпиша нов договор со ПСЖ

ПСЖ донесе одлука да го задржи Лук Стајнс откако холандскиот интернационалец ги импресионираше тренерот Раул Гонзалес и челниците на клубот со настапите во дресот на „светците“ во изминатите месеци.

Холандскиот бек пристигна во ПСЖ на позајмица од Тулуз, откако „светците“ беа принудени да донесат засилување по тешката повреда на Никола Карабатиќ. Стајнс не само што добро се вклопи во составот на Гонзалес, туку и се наметна како еден од лидерите на тимот. Тоа беше причина „светците“ да реагираат и целосно да го откупат неговиот договор со Тулуз, по што Холанѓанецот потпиша договор до јуни 2024 година.

„Стајнс од самото доаѓање во клубот остави силна трага врз играта на тимот. Тоа беше доволна причина да му понудиме продолжување на соработката, среќни сме што сите детали се средби и тој уште долго ќе го носи дресот на ПСЖ“, изјави заменик менаџинг-директорот на „светците“, Жан-Клод Блан.

Се вчитува...