Дојдоа и Раул и Прибак, се чекаат само уште „Германците“

Македонската ракометна репрезентација денеска продолжува со подготовките за ЕП 2018 во Хрватска, засилена со селекторот Раул Гонзалес и со Немања Прибак, кои се приклучија на тренинзите на националниот тим. Прибак дојде до задоцнување поради обврски во Бешикташ, Гонзалес се врати назад во Македонија откако ги мина Божиќните празници во својата Шпанија, па сега за комплетирање на македонскиот состав се очекува само уште вклучувањето на „Германците“ Филип Миркуловски и Филип Талески, кои вечерва ги играат последните бундеслигашки средби за оваа година, по што ќе допатуваат во Скопје.

Се уште не сме комплетни, задутре ќе ги имам сите на располагање. Во првата седмица ќе работиме на физичката кондиција, како и да го повториме она од ракометот што го работевме претходно. Очекувам сега да биде многу полесно. Сметам дека има доволно време за анализи бидејќи противниците и во следниот период ќе играат контролни натпревари при што ќе можеме да ги видиме на дело“ – изјави Гонзалес.

raul prv sobir

Се вчитува...