Доколку го помине Динамо, Шкупи ќе патува во Бугарија или Ирска

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкупи доколку успее да ја помине втората пречка во квалификациите во Лигата на шампионите, Динамо Загреб во третото коло за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Лудогорец и Шемрок Роверс.

Првиот натпревар ќе се игра во Бугарија или Република Ирска, додека реваншот ќе биде во Скопје или Загреб.

Македонскиот шампион веќе утре во Загреб му гостува на хрватскиот шампион, додека реваншот во второто коло кој ќе се игра во Скопје е закажан за следниот вторник во Скопје.

Во останатите мечеви Иван Тричковски и неговата АЕК Ларнака доколку го минат Митјиланд ќе играат со Бенфика, додека Црвена Звезда за противник го очекува подобриот од мечот Пјуник – Дуделанж. Најинтересно во третото коло се очекува да биде на двомечот Монако – ПСВ Ајндховен.

Првите мечеви од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите ќе се играат на 2. и 3. август, додека реваншите се закажани за деветти истиот месец.

ПАРОВИ 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЛШ (ШАМПИОНСКИ ПАТ) 

Лудогорец/Шамрок – Динамо Загреб/ШКУПИ

Макаби Хаифа/Олимпијакос – АПОЛОН Лимасол

Карабаг/Цирих – Ференцварош/Слован Братислава

Марибор/Шериф Т. – Хелсинки/Викторија Плзен

Линфилд/БОДО Глимт – Жалгирис/Малме

Црвена Звезда – Пјуник/Дуделанж

ПАРОВИ 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЛШ (ЛИГАШКИ ПАТ) 

Монако – ПСВ Ајндховен

Динамо Киев/Фенербахче – Штурм Грац

Унион Сент Жило – Ренџерс

Бенфика – Митјиланд/АЕК Ларнака

Се вчитува...