Докторка прогласена за виновна за смртта на поранешен фудбалер на Динамо Букурешт

Романската докторка Елена Дута е прогласена за виновна за смртта на Патрик Екенг. Поранешниот камерунски фудбалер и член на Динамо Букурешт доживеа срцев удар на терен во текот на натпревар во мај 2016 година, по кој како последица го загуби животот. Романскиот јавен обвинител утврди дека Дута не направила ништо да го реанимира фудбалерот во амбулантното возило, иако тој боледувал од неколку срцеви болести.

„Дури и ако причините за смрт на Екенг биле срцевите проблеми од кои патеше, поради нејзината неоправдана реакција, Дута ги уништи сите шанси за негово спасување. Не го проценила неговата здравствена состојба и не се обидела да го оживее“, стои во одлуката на судот. 

На Дута и е изречена условна казна од траење од 18 месеци, општокорисна работа во траење од 60 часа како и 200.000 евра отштета.

Се вчитува...