„Докторски аут“ за зицер и победа на Маџари (видео)

Маџари стигна до првата суперлигашка победа во клупската историја откако по голема битка успеа да слави над Тиквеш со 76-74, и тоа со поени на Амар Хот на половина секуна до крајот на мечот.

Тиквеш израмни на нешто повеќе од две секунди до крајот, по што Миодраг Тодоровиќ побара тајмаут за Маџари, цртајќи „докторска“ акција што беше беспрекорно реализирана. Додека кавадарчани внимаваа на главните шутери на домаќинот, Хот одлично втрча во рекетот, доби „пас’ во вистински момент, по што реализираше за огромна радост на сите во таборот на Маџари.

По четирите несреќни порази од стартот на сезонава, Маџари дефинитивно заслужи радост во елитното македонско кошаркарско друштво.

Се вчитува...