Докузовски се враќа на клупата – ќе го предводи Пеќ

Марин Докузовски во продолжението од сезоната ќе биде предводник на Пеќ откако успеа да договори соработка со косовскиот клуб. За легендата на македонската кошарка ова воедно и е враќање на функцијата главен тренер откако претходната година ја помина како дел од стручниот штаб на Работнички.

За 61-годишникот ова ќе биде трет интернационален ангажман по бугарскиот Лукоил и косовската Приштина во 2014 година. Докузовски тренерската кариера ја започна во Работнички, а потоа беше и предводник на МЗТ Скопје и Поло Трејд пред превземање на македонската репрезентација која ја предводеше до четвртото место на Европското првенство во Литванија.

Се вчитува...