Домагој Вида реди нови видеа: Поздрав за Белград и „Слава Украини!“ (ВИДЕО)

Очигледно хрватскиот репрезентативец Домагој Вида и тоа како сака камера, па по она контроверзно видео за кое доби опомена од ФИФА, сега по „интернет етерот“ се појави уште едно на кое е и далеку поопуштен од претходното.

Овој пат не е во друштво на Огнен Вукојевиќ, кој поради претходниот клип доби и отказ, туку Ивица Олиќ со кого ја пее песни на Тома Здравковиќ. Максимално опуштен повторно со својот поздрав: „Слава Украини!“, но овој пат спомнувајќи го и Белград…, иако не се работи за главниот град на Србија, туку кафана која се наоѓа во Киев.

„Ајде кафано, плаќам кога ќе дојдам. Слава на Украина, Белград гори, ајдееее“ – испраќа порака Вида, а на кого се дополнува и Олиќ…

Очигледно пласманот во полуфиналето на Светското првенство во Русија и тоа како добро го расположи Вида!

Се вчитува...