Доминација: Ѓорги Ѓоргиев до тројна круна во Бугарија

Македонските одбојкарски репрезентативци ја продолжија жетвата на трофеи со своите клубови, откако Ѓорги Ѓоргиев ја заокружи одличната сезона што ја имаше со тимот на Хебер, стигнувајќи до тројна круна на бугарската одбојкарска сцена.

Техничарот Ѓоргиев е меѓу најзаслужните за историската сезона на Хебер, во која овој тим го освои Супер-купот на Бугарија, потоа Купот на Бугарија, за на крајот да стигне и до титулата, и тоа со импресивни 30 победи на сите 30 одиграни средби. Хебер во последното коло во Бургас му гостуваше на Нефтохимик, триумфирајќи со 1-3 во сетови за максимална победа од 3-0 во финалната серија.

Успехот на Ѓорги доаѓа само неколку дена откако неговиот брат Никола Ѓоргиев со тимот на Љубљана се закити со титулата во словенечкиот шампионат, исто така без ниту еден претрпен пораз.

Се вчитува...